Илон Маск ја изненади јавноста – призна дека за само неколку минути изгубил ‘еден тон пари’…

0
87

Поради еден и единствен твит, сè се променило… Еден од побогатите луѓе на светот, извршниот директор на компанијата „Tesla“, признал дека изгубил многу пари.

Акциите на компанијата „Tesla“ нагло опаднале, само неколку минути откако извршниот директор Илон Маск порачал дека ‘цената на акциите на компанијата Tesla е превисока, според неговото мислење’.

Акциите на компанијата „Tesla“ вределе околу 760 долари од акција, а потоа по твитот на Маск покажува дека опаднале под 700 долари. До ова попладне, акциите се намалиле за 8 отсто.

Твитот се појавил по низа објави, од најaвата на ‘продавање на физичкиот имот’ и дека ‘нема да има куќа’.

По твитот со цената за акциите, тој напишал:

„Сега, вратете им ја на луѓето нивната СЛОБОДА“ – што била очигледна референца на протестите против ‘заклучувањето’ на земјите поради коронавирусот.

Познато е дека во октомври 2018-та година, Маск постигна договор со надлежните дека сè што ќе напише на Твитер може да влијае на цената на акциите.

Сепак, ова не би требало да има последици по компанијата „Tesla“, затоа што Маск моментално изразил лично мислење на Твитер, сметаат експертите.

„Многу е ретко, генералниот директор да признае дека цената на акциите е превисока и таквата процена треба да се награди, а не да се казни“ – објаснил експертот Џон Кофи.

Извор Точка