Илјадници доктори во 21 град во Италија на протести бараат реформа на здравството (ВИДЕО)

0
155

Илјадници лекари и студенти по медицина протестираа денеска низ Италија, барајќи реформи во образованието во овој сектор, како поголем број стипендии за специјализација.

Стотици млади практичари и студенти што се собраа во Милано ги фрлија своите бели мантили на земја. Некои носеа транспаренти на кои пишуваше „Без лекар, остануваат само чуда“ и „Кој ќе ве лекува утре?“.

Идентична сцена се случи во Рим пред парламентот. „Без експерти, системот се распаѓа“, „Без експерти, ќе ве лекуваат министрите“, се вели во нивните транспаренти.

Протестот е организиран во 21 италијански град, вклучувајќи ги Неапол, Болоња, Џенова, Торино, Фиренца и Палермо.

Младите лекари и студенти од последната година дадоа огромен придонес за време на пандемијата на „ковид-19“ и бараат подобра проценка на нивната работа.

“Да почнеме со фактот дека до 2025 година ќе заминат во пензија повеќе од 60% од нашите колеги специјалисти и општи лекари. Со оглед на моменталната здравствена состојба, нема да има доволно персонал за да ги замени. Правото на грижа и здравје на сите граѓани ќе биде загрозено.” , се истакнува во објавата на организаторите.

„Повеќе не прифаќаме да бидеме наречени херои. Не сакаме да ни аплаудираат, ние само сакаме да бидат признаени нашите права“, се заклучува во соопштението.