Инцидент во Кучевиште, потоа и сообраќајка, повредени три лица

0
160

На 30.04.2020 во 19.36 часот во Полициското одделение Мирковци И.А.(40) пријавил дека околу 13.30 часот додека неговиот татко С.А.(65) од с.Кучевиште, заедно со неговиот 12-годишен син, на место викано „Кучкарник“, на езерце во близина на рудник, рекреативно ловеле риби, дошол В.А.(48) од с.Мирковци, кој се претставил како сопственик на езерцето.

По кратка вербална расправија, В.А. со тврд предмет го удрил С.А. во пределот на главата и откако забележал дека С.А. е повреден, ги зел двајцата во неговото возило и се упатил кон Мирковци, каде се судрил со возило „опел астра“ управувано од Г.Т.(51) од Скопје.

Потоа С.А., Г.Т., 12-годишникот и В.А. биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде од страна на лекар, на С.А. му биле констатирани тешки телесни повреди, а како последица на незгодата со телесни повреди се здобиле Г.Т., 12-годишникот и В.А. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.