Италија е трета држава со над 30.000 починати од Ковид-19

0
86

Италија денес стана третата земја во светот во која бројот на смртни случаи од коронавирусот надминал 30.000, откако денес починале уште 243 лица.

Од почетокот на епидемијата на 21 февруари во Италија починале 30.201 лице, соопшти Агенцијата за цивилна заштита. Само САД и Велика Британија имаат поголем број на смртни случаи.

Бројот на новозаразени денес е 1.327, што е незначителен пад во однос на претходниот ден пренесе „Ројтер“.

Вкупно се заразени 215.185 лица во таа земја, што повторно ја става на трето место зад САД и Шпанија.