Италија излегува од двомесечниот карантин

0
73

Италија беше прва земја на светот која воведе национален карантин. По два месеца, на жителите им е дозволено да патуваат меѓу региони, да посетуваат роднини, да одат во отворените паркови .

Училиштата, фризерските салони и теретаните остануваат затворени, додека кафулињата и рестораните ќе работат само со нарачки.

Во Италија досега има 210.717 потврдени случаи на коронавирус, додека 28.884 луѓе починале, со што таа е една од најтешко погодените држави на светот. Сепак, во последните 24 часа имаше само 174 починати од КОВИД-19 и Националната цивилна заштита објави дека земјата го надминала врвот на заразата и дека почнува втората фаза од вонредната состојба.

„Научниците будно ќе ја следат кривата на заразата за време на втората фаза и регионите повторно ќе можат да воведат строги мерки ако има пораст на нови случаи“, кажа премиерот Џузепе Конте.