И „КОМИТИ“ ИМААТ ПОРАКА: ВАРДАР НЕ Е СИРАЧЕ, ТУКУ СИРОТИ СЕ ТИЕ КОИ СО ВАРДАР СИ ИГРААТ!

0
170

По вечерашната порака на Фејсбук од капитенот Гачевски, со свој став се јавија и најверните „црвено-црни“ фанови – КОМИТИ. Исто така во статус на социјалните мрежи, КОМИТИ порачаа:

„Во овие моменти на неизвесност, кога ФК Вардар повторно се користи како алатка и оружје за разни препукувања, капитенот – капитенски ! Вардар не е сираче, туку сироти се тие кои со Вардар си играат! Нека бидат свесни дека ќе се соочат со Црвено – црната Армија и ќе ги запознаат нашите не толку дипломатски особини!“