И покрај ковид-19 Белорусија одржа парада за 9 мај

0
72
Belarus' servicewomen take part in a military parade to mark the 75th anniversary of the Soviet Union's victory over Nazi Germany in World War Two, in Minsk on May 9, 2020. (Photo by Sergei GAPON / AFP) (Photo by SERGEI GAPON/AFP via Getty Images)

Илјадници луѓе се собраа денеска во главниот град на Белорусија, Минск, за да го прослават денот на победата над фашизмот. Прославата се случува во време кога земјата е соочена со се повеќе регистрирани случаи на ковид-19, а лидерот на земјата Александар Лукашенко одбива да воведе строги мерки против ширењето на вирусот.

За разлика од другите држави од поранешниот Советски Сојуз, Белорусија не ги откажа масовните собири по повод крајот на Втората светска војна во Европа и нема воведени строги правила за самоизолација.

Белорусија и досега беше предмет на критики, меѓудругото и затоа што не ги запре ниту спортските натпревари.

За Денот на победата, во Минск имаше публика од 11 000 луѓе а во парадата учествуваа околу 3 000 војници, според белоруската агенција Белта. Само мал дел од луѓето носат маски, според снимките кои одеа во живо на белоруските телевизии.

Одлуката на претседателот на земјата, Александар Лукашенко, наиде и на домашни критики. Повеќе од 13 000 луѓе потпишаа петиција за одложување на манифестацијата, а парите да се донираат за респиратори за болниците.

Лукашенко, кој јавно ги отфрли мерките на другите држави против коронавирусот како „психоза“ и веќе кажа дека е „подобро да се умре стоејќи отколку да се живее клекнат на колена“, имаше ново обраќање за време на церемонијата во Минск.

Во овој луд, дезориентиран свет, ќе има луѓе кои ќе не критикуваат за времето и просторот на одржување на овој свет настан. На нив им порачувам, како човек на човек, не скокајте со заклучоците и уште повеќе, не избрзувајте да не осудите нас, наследниците на победата. Ние не можевме да го направиме тоа на поинаков начин, немавме друг избор. А дури и да имавме, ќе го направевме истото.“

изјави претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

Според последните податоци на американскиот институт Џонс Хопкинс, во Белорусија се регистрирани вкупно 22 052 случаи на ковид-19. Земјата потврдила само 126 смртни случаи.

Извор 360