Ковид-19: Македонија бележи два дена без жртви

0
79

На Институтот за јавно здравје денеска се регистрирани 17 оздравени пациенти, 21 новозаболени и ниту еден починат од Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Оздравени се 7 пациенти во Скопје, по два во Куманово, Прилеп и Велес и по еден пациент во Гостивар, Крива Паланка, Пехчево и во Берово. Во последните 24 часа направени се 258 тестирања. Ова се новите случаи, по градови:

– Скопје – 12

– Куманово – 3

– Штип – 1

– Тетово – 5

Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.999 од кои оздравени се 1.439 пациенти, починале 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447. Досега во земјата се направени вкупно 25.528 тестирања.