Комисијата за заразни болести утре повторно ќе анализира дали има услови за олабавување на мерките

0
75

Kомисијата за заразни болести утре треба да излезе со нови препораки до Владата во однос на мерките за заштита од коронавирусот, за кои вчера препорача да не се олабавуваат засега.

Здравствените власти, како што е најавено, препораките ќе ги донесат врз основа на статистиката од последните два дена (денеска и утре) за состојбата со епидемијата.

„Трендот на нови случаи со ковид-19 во следните два дена ќе биде разгледуван на состанокот на Комисијата за заразни болести в понеделник, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата за понатамошно постапување во однос на мерките“,

соопштија вчера од Министерството за здравство, во информацијата дека засега ѝ се препорачува на Владата да останата во сила досегашните мерки за заштита од коронавирусот.