Коронавирусот се шири низ затворите во САД

0
104

Затворот Мерион во Охајо има највисока стапка на зараза во американскиот затворски систем при што коронавирусот инфицирал повеќе од 80 проценти од 2.500 затвореници, и 175 вработени позитивни за вирусот.

Коронавирусот го загрозува затворскиот систем во САД, а во некои затвори речиси сите затвореници се заразени, оставајќи ги затворските администрации и вработените позитивни за коронавирусот пред невозможна мисија за заштита на здравјето на затворениците, јавија американски медиуми.

Затворот Мерион во Охајо има највисока стапка на зараза во американскиот затворски систем при што коронавирусот инфицирал повеќе од 80 проценти од 2.500 затвореници, и 175 вработени позитивни за вирусот.

Бројот на смртни случаи предизвикани од коронавирот болест е во пораст во затворите во целата земја, а управите немаат решение затоа што не можат да обезбедат социјално растојание во пренатрупаните затвори и се соочуваат со недостиг на медицински персонал и заштитна опрема.

Во затворскиот систем на САД има вкупно 2,3 милиони затвореници.