Короната го „уби“ туризмот во Турција

0
86

Коронавирусот целосно го замре туризмот во Турција.

Тој скоро целосно запре во април поради падот на странските посетители за над 99 отсто.

Во април имале само 24.238 странски гости, а за споредба истиот месец минатата година имале 3,29 милиони, објави Министерството за туризам.

Во првите четири месеци од 2020 година нивниот број е повеќе од преполовен, на 4,3 милиони.

Истанбул примил 2,3 милиони туристи во првите четири месеци.

Најмногу гости имаат од Бугарија, и Германија.

Туризмот и во Европа е во сериозна криза.

Во Македонија пак од 4.0000 до 20.000 луѓе од овој сектор може да останат без работа.

Онаму, каде ќе има летна сезона, таа ќе биде под строги мерки за заштита