Курти: одлуката на Уставниот суд е неприфатлива

0
162

Лидерот на движењето Самоопределување и вршител на должноста премиер Албин Курти денеска ја оцени како нефер и неприфатлива одлуката на Уставниот суд на Косово со која се дозволува со претседателски декрет да се назначи нов премиер кој ќе го замени него.

На својот профил на социјалната мрежа Фејсбук Курти напиша дека со поддржувањето на одлуката на претседателот Хашим Тачи судот се ставила на „страната на оние кои ја заробиле државата“.

Претходно Тачи Косовскиот ја поздрави одлуката на Уставниот суд со која се потврдува дека има право да го наименува Авдулах Хоти за премиер на Косово.

Во моментов Курти е вршител на должноста премиер, а неговата влада падна по 50 дена на позицијата. По вчерашната одлука на судот, олу 2.000 луѓе се собраа на „протестна проба“, организирана во Приштина од владејачкото движење Самоопределување со повик за предвремени парламентарни избори.