Маж нападнат од соседот со тешки повреди однесен на Клиника

0
87

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако бил нападнат од својот сосед.

-Вчера во 20:00 часот во село Џепчиште, тетовско полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 53-годишниот Џ.Џ. од село Џепчиште бидејќи, на 23.05.2020 во 19:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничката болница Тетово бил донесен со тешка телесна повреда 44-годишниот Б.Ш. од село Џепчиште, кој со повредата се здобил во село Џепчиште при физичка пресметка со неговиот сосед Џ.Џ.. За настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот – инфомира МВР.