Малолетен мигрант застрелан во нога најден како лежи на патот Куманово-Табановце

0
81

Мигрант на возраст од 15 години вчера попладне бил најден како лежи на магистралниот пат Куманово-Табановце.

Граѓани кои го забележале момчето пријавиле во полиција, а полицајците утврдиле дека детето било мигрант од Авганистан. Момчето имало повреда на ногата, па било пренесено во кумановската болница каде лекарите констатирале дека има прострелна рана во десната потколеница. Засега нема информации кој го повредил момчето.

Уште еден мигрант бил пријавен вчера во СВР Тетово. Граѓанин го забележал во село Горно Јеловце, во близина на рибникот. Полицајците го привеле дваесетгодишниот мигрант од Сирија во полициската станица во Гостивар.