Мало девојче заминало од дома само, за среќа полицајци го нашле и го вратиле кај родителите

0
75

На социјалните мрежи се шири фотографија на мало девојче кое денеска било најдено како шета само во близина на полициската станица Бит пазар.

Граѓаните се уште ја шират фотографијата за девојчето да биде пронајдено што побрзо, но од МВР за Фокус велат дека девојчето е веќе кај своите родители.

Според информациите од МВР, девојчето било на возраст од 3-4 години. Денеска излегло од дома без да го забележат. Полициска патрола го забележала како се движи само. Кога родителот забележал дека детето го нема, тргнал по него да го бара.

-Потрагата по девојчето завршила со среќен крај откако родителот го забележал девојчето кое било заедно со полициските службеници и истото било безбедно вратено кај него, велат од МВР.

Извор Фокус