МАНЧЕВСКИ ЗА ТВ 24: МОРА ДА ЈА ИСКОРИСТИМЕ ПРВАТА МОЖНОСТ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ИЗБОРИ

0
86

Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски од СДСМ во денешното гостување во отвореното студио на 24 анализа потенцираше дека дека интензитетот на заразата стивнува и дека ставот на СДСМ е дека во средината на јуни има можност за организирање на избори.

„Што ќе правиме ако наесен имаме поголем интензитет на вирусот? Мора да ја искористиме првата можност за организирање на избори. Комисијата за заразни болести знаат кои се кластерите и затоа тестирањето е насочено кон тие територии. Лажниот негативен тест е најопасен, а прекумерното тестирање во период на инкубација може да се создаде лажна информација дека нема заразени. Што се однесува до датумот, нема да правиме ништо спротивно од она што го вели Комисијата. Ако од одредени причини не е возможно на тој датум да се одржат, ние ќе го почитуваме тоа.“ – рече Манасиевски.

Манчевски истакна дека и многу други земји, епидемијата ги затекнала среде избори, но тие годинава ќе се одржат. Отежнителна околност е што немаме сега Собрание, рече Манчевски.

Тука се доведуваме во друга опасност. Ако подолг временски период нема избори, ќе мора да се продолжи вонредната состојба, вели Манчевски. Индициите велат ако сега има намалување на вирусот, а наесен повторно се појави, тогаш сега треба да се искористи шансата за избори.

„Ако решиме дека нема вонредна состојба, тогаш оваа влада треба да продолжи со роковите каде застанаа и изборите да се случат.“ – вели Манчевски кои истакна дека многу е тешко доколку наесен повторно се појави вирусот, ќе нема влада која ќе носи одлуки за заштита на здравјето на граѓаните.

Во врска за одлуката да се доделат пари на електронските медиумите, тој вели дека се размислува за уредба со кој финансиски ќе се помагаат медиумите и тоа да не биде селективно.

Извор Тв24