Мицкоски: На лидерската Заев почна да лиферува со датуми, додека сите останати зборуваа за здравјето на граѓаните

0
98

Во гостувањето на Топ Тема на Телма, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Зоран Заев на лидерската средба прво зборувал за можни датуми за избори, а не за здравјето на граѓаните.

-Предложив алгоритам во неколку чекори. На лидерската средба Зоран Заев почна да лиферува со датуми, додека сите останати зборуваа за здравјето на граѓаните. Велеше на 14 јуни, па дури потоа збореше за комисијата за заразни болести доколку одобри, што предизвика вчудоневиденост кај останатите. Сите беа вчудоневидени во услови на пандемија во вонредна состојба има соговорник на масата кој постојано лиферува датуми и сето тоа да потенцира еве јас дојдов подготвен имам аргументи. Кои беа аргументите седум дена плус три дена минус и оп стигнавме до 14 јуни што сите со зачуденост го гледаа. Видовме дека ситуацијата дека ќе оди во бездна, и ние останатите почнавме позрело да размислуваме. Само останатите, за соговорникот видовме дека поинаку ги третира работите. И јас тогаш го предложив алгоритмот, рече Мицкоски.

Извор Локално