Мицкоски: По 66 дена рестриктивни мерки во државата имаме полоша здравствена и економска состојба

0
77

Со првите два пакети мерки на владата не се помогна во областа на бизнисот. Тие мерки се недоволни, ненавремено преземени, а тоа го потврдува слабата половична и потпросечна искористеност, рече на денешната прес конференција претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

  • Повеќето средства отидоа кај големи компании додека средните и малите бизниси едвај преживуваат. Што се однесува до третиот пакет на мерки тоа е магла која владата ја сее пред избори. Тие говорат за пари, за средства кои не можат да ги исплатат и истите имаат манипулативна природа. Парите се потрошија непродуктивно. А, нема ниту една компанија која е задоволна. Ниту еден единствен стопанственик кој објективно ќе го пофали ангажманот на владата. И состојбата не се подобрува, рече Мицкоски.

Тој обвини дека дефицитот изнесува рекордни 200 милиони евра и дека владата немала намера да им помогне на граѓаните и бизнисот, туку целта била-обид за поткуп и милост од граѓаните да го заборават погрешно направеното во изминатите три години.

Мицкоски рече дека само во првите четири месеци владата го зголемила долгот на граѓаните за 1.8% од БДП и дека секое семејство го задолжила за околу 25.000 денари, само во првите четири месеци од почетокот на годината.

  • До крајот на годината зголемувањето на јавниот долг во однос на бруто домашниот производ ќе изнесува точно 5 проценти. Или ако се додадат на дополнителните 1.8 во првите четири месеци тогаш вкупниот зголемен долг на крајот од 2020-тата година без задолжувањето за помош на стопанството и граѓаните ќе изнесува околу 7 проценти од БДП или тоа е некаде околу 95 илјади денари зголемен долг за секое семејство, или 1500 евра зголемен долг за секое семејство само за една година, рече Мицкоски.

Во однос на капиталните инвестиции, Мицкоски рече дека во првите 4 месеци од 2020 година, во услови на техничка Влада реализацијата на капиталните инвестиции била околу 13 проценти од она кое што било планирано на почетокот на годината.

  • Во 2019-тата година за истиот период реализацијата на капиталните инвестиции била 11.25 проценти, кога немаме техничка Влада. Да потсетам тоа е период кога исто така имаме изборен циклус, а тоа се претседателските избори. Во 2018-тата година реализацијата на капиталните инвестиции е 14.23 проценти. во 2017-тата година во истиот период, во првите 4 месеци кога исто така имаме техничка Влада, капиталните инвестиции се реализирани со интензитет од 27 проценти во однос на тие што биле планирани на почетокот на годината. Во 2016-тата година кога исто така имаме техничка Влада капиталните инвестиции се реализирани во износ од отприлика 19 проценти од она кое што било планирано на почетокот на годината, рече Мицкоски.