Мицкоски: Meрките на Владата се за поткуп, пари нема и треба да бидат задолжени нашите деца

0
101

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека нема друго објаснување освен дека промовираните мерки на Владата се за поткуп на гласачите пред избори.

Ова е ништо повеќе од еден обичен поткуп на граѓаните. Овие пари ги нема и треба да бидат задолжени нашите деца и внуци за да Зоран Заев се обиде да прави поткуп. Пред утрешната средба треба да се одлучи дали новиот датум е септември,или пак она што го лиферуваат како датум 28 јуни или пак ова е уште една во редицата лаги и измами .

Тој од утрешната лидерска средба очекува разум, трезненост и свесност за реалната состојба бидејќи за една недела имаме 170 новозаболени и десетина починати.

Работите не само што не одат во позитивна насока туку спротивно. Очекувам да ги слушнам одоговорите од алгоритамот што го усвоивме и на тој начин да го утврдиме првиот датум кога би можеле да се случат овие избори-додава Мицкоски за Канал 5.