Мицотакис: Грција ќе дозволи директни летови до Меѓународниот аеродром во Солун од 15 јуни

0
137

Грција ќе дозволи директни летови до Меѓународниот аеродром во Солун од 15 јуни, објави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Директните летови требаше да започнат на 1 јули, но премиерот го прифати предлогот да започне порано доколку сите услуги, вклучително и Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), се подготвени да помогнат во тестирање на примероците.

Мицотакис потврди дека ќе го отвори 85-от Меѓународен саем во Солун, најголемиот грчки саем, на првиот викенд во септември, иако со рестриктивни мерки за посетителите и изложувачите.