Најдолгата граница во светот затворена уште еден месец

0
79

Канада и САД се договорија нивната меѓусебна граница да остане затворена поради пандемијата од коронавирус најмалку до 21 јуни за сите патувања кои не се неопходни.

Одлуката за затворање истекува оваа недела, но власти ја продолжија за уште 30 дена.

Канаѓаните стравуваат од повторното отворање на границата, зашто САД имаат најмногу заболени и починати од КОВИД-19 во светот.

Неопходните здравствени работници, авионските посади и возачите на камиони и понатаму ќе може да ја поминуваат границата, зашто најголемиот дел од увозот на храна во Канада доаѓа од САД или преку САД.

Американско-канадската граница е долга 8891 километри и е најдолга копнена граница меѓу две земји во светот.

Извор РСЕ