НОВА ЗАБРАНА ВО ВУХАН: Нема јадење, чување и ловење на диви животни

0
80

Кинескиот град Вухан и официјално забрани јадење диви животни.

Вухан ќе стане „резерват за диви животни“, така што ќе биде забрането ловење на диви животни, со исклучок за „научни истражувања, регулирање на популацијата на одредени видови, следење на епидемиолошки болести и други специјални околности“.

Се забранува одгледување на диви животни за храна. Властите ќе дадат парична помош на фармерите кои досега се занимавале со одгледување на диви животни за храна.

Вухан, град од 11 милиони жители во провинцијата Хубеј, ги регистрираше првите случаи на коронавирусот лани во декември.

Градот презема акција да ги тестира сите свои жители.

Имаше разни верзии, дека вирусот мутирал кај лилјаците, дека се проширил од пазар во Вухан и слично.

СЗО одобри да се спроведе истрага за смртоносниот вирус и како тој брзо се прошири во светот.