Норвешка во понеделник ги отвора училиштата, на 1. јуни и кафулињата

0
96

Училиштата во Норвешка ќе се отворат од понеделник, а кафулињата од 1 јуни, соопштија денеска надлежните од таа нордиска земја, каде од ден на ден се намалува бројот на ново заразени со коронавирус.

Културните и спортски настани со најмногу 200 лица ќе бидат дозволени од 15 јуни, а фудбалскиот шампионат ќе може да започне на 16-ти, објави владата.

„Наша цел е на 15. јуни да ги отвориме повеќето работи што се затворени “, рече премиерката Ерна Солберг на прес-конференција.

„Но, со важен услов: ќе излеземе од изолација на овие датуми само ако успееме да ја одржиме епидемијата под контрола“, додаде таа.

Норвешка се одлучи за полу-изолација од средината на март за да го спречи ширењето на коронавирусот.

Повторно се отвораат градинките на 20 април, а училиштата за деца на возраст од 6 до 10 години на 27 април. Истото важи и за фризерските салони и центрите за убавина, на пример.

Стапката на инфекција, која покажува колку луѓе се заразени од едно заразено лице, се намалила на 0,49, според норвешкиот институт за јавно здравје, што значи дека епидемијата опаѓа.

Но, физичката оддалеченост и засилените мерки за хигиена сепак мора да се почитуваат, а патувањето во странство не е официјално препорачливо, додека границите се затворени за лица без дозвола за престој.

„Ова не е крај“, рече министерот за здравство Бент Хуи. „Во најдобар случај, ова е почеток на крајот“.

Норвешка, земја со 5,4 милиони жители, официјално забележа 7,995 случаи на инфекција со коронавирус, вклучувајќи и 209 смртни случаи.

Извор Канал5