ОД ДЕНЕСКА НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС: На кафе во кафуле од утре

0
92

Владата ги усвои препораките на Комисијата за заразни болести, па така од денеска веќе не е на сила полицискиот час, беше воведен во изминатите два месеца со цел спречување на ширењето на крона вирусот во земјава.

Согласно препораките на Комисијата, кафулињата ќе отворат од утре, но се уште е неизвесно кога земјава ќе ги отвори границите. Како што беше наведено на прес конференцијата, земјите од соседството ќе направат заедничка оценка кога да се пристапи кон овој чекор.

Исто така, Владата одлучи и да се укине карантинот за сите кои ќе се вратат во земјава, а луѓето кои моментално се во некои од државните карантини може да заминат, но претходно треба да направат тест за коронавирусот. Тоа еќ биде на нивна сметка.

Од понеделник на работа се враќаат и административците кои до сега работеа од дома. Ослободувањето на мерките следува по анализи и проценки на Комисијата за заразни болести дека епидемијата е ставена под контрола, што потврди и министерот за здравство Венко Филипче.