Од идната недела враќање во нормала функционирањето во држвава

0
110

Светото тројство на носење маски, држење дистанца и одржување хигиена од идната недела ќе почне постепено да ги олабавува мерките воведени поради коронавирусот. Што точно ќе биде вратено во функција ќе се решава неделава, за што министерот за здравство денеска информации даваше на „лажичка“.

„Прв ќе може да се врати субјект, компанија, која што ќе може да организира некаква форма на шалтерски систем, па понатаму сите други субјекти кои ќе треба да организираат работа најпрво на отворен, па на затворен простор. Сите организации кои што спроведуваат едукации, курсеви, автошколите – за практичното споведување на возачките испии и за теоретските делови, библиотеките, сите се предмет на дискусија“, информираше Венко Филипче, министер за здравство на Македонија.

Она што го потврди Филипче е дека рестораните и кафетериите ќе можат да работата само надвор со одржување на дистанцата, но како што рече сите детали ќе бидат утврдени и објавени во текот на оваа недела. Неделава ќе се утврдува и дали ќе има олабавување на полицискиот час.

Предуслов за се ова да се реализира е намалување на бројот на новозаразени од Ковид-19, за што министерот за здравство вели дека е во постојано опаѓање, односно дека пандемијата спласнува.

Со трендот на опаѓање на бројот на новорегистрирани со ковид-19 изминативе десетина дена забележливо е дека опаѓа и бројот на тестирања, па од просечно 500 тестови до пред две недели, сега се правата 50% помалку тестови, а во изминатото деноноќие се направени само 113. Филипче вели дека трендот на намалување на нови случаи не е поради намалениот број на тестирања, туку дека е обратно.

„Намалениот број на новодијагностицирани пацијенти не може да зависи од бројот на тестови, затоа што никој не чека за тест ниту има некој што не може да стигне до тест согласно сегашните критериуми“, вели Филипче.

За најавениот скринигн за пронаоѓање на асимптоматски носители на Ковид-19 тој информираше дека денеска е направен мини-протокол кој утре ќе се разгледува на Комисијата за заразни болести.

Извор Телма