Од петок за влез во Србија не е задолжителен тест за коронавирус

0
139

Од петок, 22 мај, за влез во Република Србија не е потребен негативен тест на коронавирус, ниту посебна дозвола. Ова важи и за српските и за странските државјани, информираат од владата на Република Србија.

На сите кои ќе влегуваат во Србија, на самата граница ќе им бидат дадени соодветни здравствени предупредувања дека влегуваат во територија во која и понатаму е присутен вирусот. Тестовите, кои ќе може да се прават на лично барање на граѓаните и странските државјани ќе чини 6000 динари. За студенти и малолетни лица тестирањето ќе биде бесплатно.

Ваквата препорака се очекува да биде потврдена во четврток на седница на владата.