„Онлајн“ европски самит во Загреб, во фокусот интеграциите и Ковид 19

0
136

Пред почетокот на европскиот самит во Загреб, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји рече дека по составувањето на новата методологија за проширување и одлуката за почеток на преговорите со Македонија и Албанија, ЕУ лансирала економски план за државите во регионот како привилегирани партнери. По помошта од 3,3 милијарди евра за справување со пандемијата, на средбата ќе се промовира нов економски план кој треба да се реализира во втората половина од годината. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ пред почетокот на самитот изјави дека Хрватска го иницирала овој собир за да и испрати неколку пораки на ЕУ.

„ЕУ ќе остане спремна да ги поддржува обидите за европски реформи во сите наши соседни земји, не само во контекст на пристапните преговори што ги водат Србија и Црна Гора, не само во контекст на мошне важната одлука на ЕУ за отворање на преговори со Северна Македонија и Албанија, туку и за пораката упатена до БиХ на која сакаме да и помогнеме на европскиот пат. Исто така ги поддржуваме и преговорите меѓу Србија и Косово. И порачуваме на ЕУ финансиски да им помогне на нашите 6 соседни земји во борбата против Ковид-19, ЕК да подготви голем економски пакет за помош.“

Извор Алсат