Општината Охрид го урива крајезерското дивоизградено парапетче кое го откриле на крајот на март

0
87

Ѕидот на езерскиот брег во авто-кампот Градиште утрово се уриваше откако вчера објавени фототографии предизвикаа гнев во јавноста поради изградбата на бетонско парапетче до водите на Охридското езеро.

Охридскиот градоначалник Константин Георгиески ги објави фотографиите од уривањето и се правда дека нелегално-изграденото ѕидче на самиот брег било регистрирано при надзор на 24-ти март.

 

Тогаш му е дадено решение на изведувачот да го отстрани парапетчето, но до вчерашното објавување на фотографиите од изградбата на ѕидот никој не го уриваше.

И покрај препораките на УНЕСКО да се отстранат сите дивоградби од охридско-струшката ривијера, општините досега не се зафатија со таа операција за спас на статусот на Охридското езеро.

Поради тоа Антикорупциската комисија препорача владата да ја преземе обврската за уривање на дивоградбите затоа што општините немале доволно пари.

Извор Телма