Оружен грабеж пред банка во Сарај – од скопјанец одземени два милиони дeнари

0
77

Вооружен грабеж среде бел ден се случи денеска околу 11 часот во скопско Сарај.

Драмата се случувала пред експозитурата на Халкбанка која се наоѓа на главната улица во Сарај каде пред банката е ограбен 27 годишниот жител на Крушопек кој неофицијално со себе имал торба полна со пари од фирмата кои требало да ги уплати во банката.

Според информациите кои МВР не ги потврди во вооружениот грабеж биле одземени околу 2 милиони денари односно 35 илјади евра.

Од министерството за внатрешни работи го потврдија грабежот и засега се трага по сторители. Според очевидци на настанот кои инсистираа да зборуваат зад камерата полицијата дошла бргу по грабежот.

Младиот човек кој бил ограбен бил целиот зашеметен од некаков спреј со кој бил испрскан од ограбувачите седел пред банката. Маскирани со фантомки и вооружени со автоматски пушки ограбувачи по грабежот бргу го напуштиле местото со возило движејќи се кон матка. Останува да се истражи и како знаеле ограбувачите дека има голем сума на пари и дали заради воведувањето на две сигурносни врати по банките ова е сега новиот метод на кражба пред да влезе жртвата во банката.