Османи: Верниците не се криминалци, нивната потреба за враќање на врската со верата не е криминал

0
76

Исламската верска заедница нема намера да ја повлече одлуката за отворање на храмовите на 12-ти мај и државата е должна да изготви сет мерки кои верските заедници ќе ги почитуваат, вели вицепремиерот Бујар Османи.

Тој денеска одржа состанокот со кризниот штаб во Струга на кој што се разгледувала состојбата во градот по неодамна одржаната литија по повод верскиот празник Свети Ѓорѓија.

Вицепремиерот вели мора да се покаже повеќе разбирање за потребата од одржување на верските обреди иако настанот од пред неколку дена се чини дека бил индиректна закана за државната стратегија за борба против пандемијата. Што се однесува на очекувањата за намалување на рестриктивните мерки, тој појасни дека одлуката ќе се носи согласно прецизно утврдени параметри, а не според некакви политички калкулации.