ОСМАНИ : НАЈЛОШОТО СЦЕНАРИО ЌЕ БЕШЕ АКО ПОЛИЦИЈАТА ГИ РАСТЕРАШЕ ВЕРНИЦИТЕ ВО СТРУГА

0
125

Вицепремиерот Бујар Османи во денешното гостување во отвореното студио на 24 анализа објасни дека ризикот од коронавирусот се уште не е поминат и дека ситуацијата може дополнително да се искомплицира и граѓаните не смее прерано да се опуштаат.

Во 80% од случаите на вирусот се идентификувани контактите. Едно семејство е еден кластер, поинаку е доколку се работи за повеќе семејства. Но, работата не е завршена и смета дека кога бројката паѓа, луѓето се олабавуваат и тогаш е најголемата грешка, а за тоа има пример и кај неговите пациенти.

„Треба да се внимателни луѓето се додека ризикот не помине. Ризикот е уште тука. Најголемиот дел од граѓаните беа одговорни и како резултат на тоа, имаме подобри бројки. Последниот период има верување дека ризикот не е толку голем, гледаат реакции во светот, особено протести во Германија зад таквите протести стојат политички моменти кои некои ги организира за одредена цел.“ – потенцираше Османи.

Османи вели дека ситуацијата е релативно под контрола, но не смее сега да се потфрли и дека треба да се издржи ситуацијата. Тој очекува утре на лидерската за одредени сегменти кои се помалку ризични да се олесни функционирањето. Но, се зависи од ситуацијата и одлуката на Комисијата за заразни болести. Училиштата ќе останат до 10 јуни затворени, иако се води дебата за градинките. Отварањето на рестораните ќе почека, иако има дебата за отварање само на терасите.

Во врска со литијата во Струга и утрешното отварањето на џамиите, Османи истакна дека би бил среќен ако се кординираа верските заедници, но МПЦ и ИВЗ не се координирале со владата. Бил известен за одлуката на ИВЗ по прака по телефон.

„Проценив дека треба да соработуваме. Одлуката не може да се смени според нив, а ако се влоши состојбата, поглаварот вели дека тогаш ќе разговараме. Ние гледаме денеска дека во Азија повторно се врати вирусот. Треба да се навикнеме на овој период на функционирање. Со мерките за олеснување сакаме да содадеме една нормалност, нови околности. Што ќе се случи ако оваа ситуација трае со години? Јас не ги оправдувам одлуките, сакам да покажам реалност, што може да направиме ние во вакви моменти да ја намалиме опасноста. Владата нема можност да ги истера верниците од објектите, најлошото сценарио ќе беше ако полицијата ги растераше верниците во Струга. Не постои уставна можност, државата да затвори верски објект но јас ќе ги охрабрам луѓето да не одат. Мој впечаток е дека во наредниот период ќе има зголемен број на заразени.“ – истакна Османи.

Османи истакна дека на утрешната лидерска средба најмногу ќе се разговара за пандемијата.