ОЈО: Парични казни за 53 скопјани кои не го почитувале полицискиот час

0
78

Основното јавно обвинителство Скопје бара парични казни за 53 лица кои за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во градот, без да имаат дозвола за движење во време на забрана.

За секого од обвинетите предложена е парична казна од по 2 000 евра во денарска противвредност, односно 100 дневни глоби од по 20 евра, за сторено кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено во член 206 став 1 од Кривичниот законик.