Пендаровски ја продолжи вонредната состојба за 14 дена

0
85

Претседателот Стево Пендаровски ја продолжи вонредната состојба во земјава заради корона вирус за 14 дена, а не за 30, како што бараше Владата. Меѓу главните причини за оваа одлука, Пендаровски ги наведе економските и социјалните мерки што треба да се донесат во овој период. Тој негираше дека прогласувањето вонредна состојба има врска со датумот за избори. Тој рече дека ДИК ќе организаира избори тогаш кога партиите ќе решат.

„Тие ќе се прилагодат на она што го бара политиката. Тие постапуваат според законите, во оваа ситуација, согласно уредбите. ДИК не е надлежна да каже кога треба да се одржат избори. Доколку политичарите велат дека ќе има утре или задутре, тие велат дека ќе ги спроведат според законските одредби“.

Пендаровски рече дека е против избори без присуство на меѓународни набљудувачи.

„Без меѓународно набљудување, дури не сакам да размислувам за избори, нема да учествувам на нив и како институција која одговара за демократијата. Со нетрпение очекуваме да започнеме преговори со ЕУ и ако немаме меѓународно верифицирање на целиот изборен процес, не можеме да сметаме на започнување преговори со ЕУ“.

Новата лидерска средба ќе се одржи следната недела.