Платежна картичка место кеш ќе добијат и здравствените работници кои се справуваа со Ковид-19

0
73

Платежна картичка за купување на домашни производи ќе добијат и здравствените работници ангажирани за справување со Ковид-19, официјално обелодени министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.

 

Иако се најавуваше дека тие ќе добијат паричен надоместок, сепак и за нив ќе биде доделена платежна картичка во износ од 40 отсто од основната нето плата за што ја земале во мај годинава. Ова ќе важи за вработеите во Јавните здравствени установи, Клиниката за инфективни болести, Институтот и Центрите за јавно здравје брзата помош, работниците од другите одленија кои биле ангажирани за справување со Ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче, пак за Топ тема пред неколку дена потврди дека списоците за тоа кој ќе добие поддршка ги прават директорите.

За националната платежна картичка што е дел од третиот сет мерки не треба да се аплицира туку со матичен број граѓаните ќе треба да проверат дали им следува картичката. Платежна картичка ќе има и за младите од 16 до 29 години кои се запишани во државните средни училишта и факултети. За платежната картичка е предвидена сума од 25 милиони евра.

Извор Tелма