Повеќе инциденти со мигранти на српско – хрватската граница, пристигна и војска

0
107

Поради влошената безбедносна ситуација во тој сремски регион од саботата е ангажирана воената полиција на Србија по налог на претседателот на државата Александар Вучиќ.

Во Шид во Војводина, каде близу до хрватската граница има три прифатни центри за мигранит, во последните 24 часа се случиле 50 инцидентни ситуации, јавија српските медиуми.

Заменик претседателот на општина Шид, Зоран Семеновиќ изјави за ТВ Прва дека војската во соработка со полицијата затекнала мигранти надвор од прифатните кампови и надвор од местата предвидени за нивно движење па во текот на ноќта имало неколку помали инциденти.

Забележано е, рече тој, дека одредени таксисти со возила со таблички од Кикинда и Белград возеле групи мигранти во Шид.

Семеновиќ рече дека мигрантите биле без заштитни маски и во градот се стравува дека поради тоа би можела да се влоши епидемиолошката слика на територијата на целата општина Шид.

Поради влошената безбедносна ситуација во тој сремски регион од саботата е ангажирана воената полиција на Србија по налог на претседателот на државата Александар Вучиќ.

Тие обезбедуваат три прифатни центри: Адашевци, Принциповац и Шид станциа.

Војската е распоредена да се грижи за безбедноста на граѓаните на Шид и околината и нивниот имот.

Шид со години наназад е кризно подрачје кога се во прашање односите на мигрантите и месното население кое поради нивните упади во куќите, салашите и имотите стравуваат за својата безнедност.

Во февруари годинава таму е упатена специјалната полиција, а од пред два дена тука се разместува и воената полиција.

Мигрантите на територијата на сремската општина Шид престојуваат близу хрватската граница која настојуваат илегално да ја поминат и да стигнат до западните земји на ЕУ.

Извор Слободен Печат