Полицискиот час во сабота од 19 часот и ќе трае до вторник до пет часот наутро

0
87

Полицискиот час викендов ќе започнува во сабота од 19 часот и ќе трае до вторник до пет часот наутро. На денешната средба со новинарите Минситерот за здравство, Венко Филипче рече дека утрово имале состанок со комисијата за заразни болести и било предложено од комисијата до штабот и понатаму до Владата во текот на викендот да има целосно ограничување на движењето, практично полициски час, од сабота во 19 часот до вторник до 5 наутро.

-Сите случаи кои ги имавме изминативе неколку денови во огромен процент се должат на настани и семејни собири кои се случуваа деновиве. Токму заради тоа непочитување на мерките ние имаме нови случаи. Во таа смисла само ваква ригорозна мерка сметаме дека ќе има вистински ефекти. Сите други ослободувања од рестиркциите кои ги имавме најавено за оваа недела, ги оставаме за почетокот на идната недела. Тоа значи функционирањето на угостителските објекти и евентуално ќе се донесе одлука и за скратување на полицискиот час. Но, за сето тоа ќе одлучува Владата, прво во текот на овие денови, за викендот а понатаму и за сите други мерки ќе се знае од понеделник натаму, рече Филипче.