Полициски час во Минеаполис, Трамп планира да испрати војска во градот за да се спречат протестите

0
92

Пентагон планира да испрати воена полиција во Минеаполис за да се смират протестите во градот кои траат веќе четврта ноќ.

Министерството за одбрана има наложило на единиците на воената полиција да се подготват за распоредување во Минеаполис, град во кој има големи демонстрации и протести предизвикани со полициското убиство на еден невооружен Афроамериканец, Џорџ Флојд.

На војската од Форт Браг во Северна Каролона и Фост Друм во Њујорк и е наредено да биде подготвен за распоредување во рок од четири часа откога ќе биде повикана , пренесен АП.

Градоначалникот на Минеаполис Џејкоб Фреј соопшти дека во градот веќе втор ден на сила е задолжителен полициски час во ноќните часови.

Полицискиот час трае од 20 до 6 часот наутро по локално време.