Поради два државни празници: Понеделник е неработен ден за сите граѓани

0
119

На 24 мај се одбележува Денот на сесловенските просветители, а годинава на истиот ден се празнува и првиот ден на Рамазан бајрам
Понеделник, 25 мај, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Согласно Законот за празниците, 24 мај (недела) е државен празник Ден на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, а годинава на истиот ден е и првиот ден на Рамазан бајрам, кој исто така е државен празник во земјава.