ПОСТОИ КАНАЛ ЗА КОМУНИКАЦИЈА МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ ЗА ИЗБОРЕН ДАТУМ

0
72

Неформална комуникација на тема предвремени парламентарни избори меѓу Заев и Мицковски постои и по последната лидерската средба која се одржа кај Пендаровски. Дали 5 ти евентуално 12 ти јули ќе бидат заедничко прифатливо решение и за двајцата, но и за лидерите на партиите од албанскиот блок кои ќе го трчаат изборниот процес.

Мицкоски и денска со порака до Бихаќка. Доколку Заев сака да оди на избори на 21 јуни тоа ќе биде само продолжение на како што рече лошото менаџирање на оваа власт а ВМРО ДПМНЕ нема да биде дел од тоа. Датумот вели мора да биде донесен со компромис – но без конкретен став за 5 ти јули.

Зоран Заев пак во денешното видео со став дека на земјата и се потребни функционални институции и влада а претходница за да се дојде до тоа се како што вели час поскоро организирање на предвремените парламентарни избори но и тој не спомнува датум.

И техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска потсети дека по завршувањето на вонредната состојба продолжуваат изборните дејствија за организирање на изборите. Но сепак за сега и натаму се зависи од тоа дали шефот на државата Пендаровски ќе прогласи вонредна состојба.

ТВ 24 по информациите и на висок партиски функционер од ДУИ, но и на дипломатски претставници веќе објави дека 5 ти јули е во игра како краен логичен термин за нивно организирање.

Вонредната ситуација завршува во сабота заклучно со 30ти месецот. Дали таа ќе биде продолжена зависи од шефот на државата Пендаровски, кој беше домаќин и на лидерските на кои партиите дискутираа за предвремените парламентарни избори.

Извор ТВ24