Почна изградбата на автопатот Скопје – Блаце – багерите работат, жителите на Блаце се бунат за цената

0
83

Багерите работат…

Полицијата се грижи и за нивната безбедност…

„Се чини им дојде крај на ветувањата кои траеја повеќе од една деценија за изградба на автопатот Скопје – Блаце, бидејќи работите за негова изградба веќе почнаа на терен“, истакна репортерката на ТВ21.

Работите почнаа по отуѓувањето на три парцели земјиште кое им припаѓаше на жители на Блаце. 65 други сопственици на земјиште и натаму не се согласуваат со цената што има ја одреди државата. Некои од нив се жалеа на суд.

„Од 68 сопственици кои беа тука, тројца потпишаа и за нив немаме информации кои се бидејќи нивна работа е дали ќе потпишат или не. 65 други сопственици, сите се жалевме и го дадовме предметот на суд. Записникот отпадна и државата не принуди да правиме дополнителни трошоци само затоа што не се согласуваме со цената“, посочи Фати Барди.

Но не сите сопственици се жалеле. Поради изолацијата заради пандемијата, жалба не можел да поднесе и Зељќиф Барди и сопствениците на земјиште кои живеат во Елезхан, поради затворените граници.

„Другиот дел што го имаат жители на Косово, тие не можеа да излезат а државата го искористи тоа време“, порача Зељќиф Барди.

За да го изразат своето незадоволство за цената, најавуваат и протест , и велат дека ќе ги спречат градежните работи.

„Ние ќе организираме протест, но поради тоа што е време на пандемија и не сакаме да ги прекршуваме законите на државата, да ги почитуваме и затоа дојдов само за да кажам во името на сите кои сме против“, додава Фати Барди.

И надлежните во неколку наврати изјавија дека независно од жалбите, работите ќе продолжат, а објаснија дека ниската цена за отуѓување е бидејќи Блаце е планинско место, со дрвја, главно нискостеблести и со земјоделско земјиште.

Почетокот на работите го најави и координаторот на проектот, Бујар Османи и сега е делот од прават фаза на изградбата на автопатот Скопје – Блаце. Прата фаза е во должина од 2.5 км и треба да заврши за 18 месеци.

Од друга страна, сообраќајот за автомобили се одвива непречено, по стариот пат кој исто така се проширува.

Извор Тв21