Пратеникот Мухамед Зекири позитивен на корона вирусот

0
146

Пратеникот  и потпретседател во СДСМ, Мухамед Зекири ,  денеска на Фејсбук објави дека тој, неговата сопруга и тримесечна ќерка се позитивни на корона вирусот. Тој подвлекува дека се заразил иако внимавал и практикувал минимални контакти со луѓето.

Тој тврди дека засега нема никакви симптоми и апелираше до своите сограѓани да бидат максимално внимателни.

“Доколку вие и вашите најблиски забележите дури и најмали симптоми, не се двоумете и веднаш побарајте помош од лекарите” – пишува Зекири на Фејсбук.

Потпретседателот на СДСМ, изрази жалење и се извинува до сите луѓе со кои имал контакт во последните денови , кои несакајќи ги изложил на непосакуван ризик.