Прв пациент тргнат од респиратор во Македонија

0
68

Прв случај во Македонија на пациент кој е исклучен од респиратор и сега е во стабилна состојба. Станува збор за пациент роден 1983-та година, кој пред три недели бил примен во болницата „8 септември“ во тешка состојба од КОВИД 19. Неговата клиничка слика била сериозна и докторите морале да го стават на респираторна поддршка. Но, по 12 дена лекувањето е успешно и денеска претпладне е исклучен од респираторот, a пациентот е контактибилен, велат лекарите од ГОБ за Телма. Сепак, докорите ќе почекаат 24 часа за да ја потврдат стабилната состојба.