Прв случај во земјава, здравствен работник почина од Ковид-19

0
77

Фармацевт од струшко е првиот случај на починат здравствен работник од вирусот Ковид-19 во земјава, соопштија од Фармацевтската комора на Македонија.

Како што се наведува во нивното соопштение, станува збор за Петар Мојсоски, од струшкото село Подгорци, кој починал вчера на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Од Фармацевтската комора информираат дека нивниот колега се заразил додека бил на своето работно место, во аптека.