Приходите во мај се намалиле за 24 проценти, Ангеловска: Еврообврзницата ќе ги покрива старите долгови

0
131

За 24 проценти се намалени вкупните приходи во државната каса за месец мај. Најголем пад од 33 проценти има во наплатата на данокот на додадена вредност. За министерката за финансии Нина Ангеловска намалувањето приходите во буџетот е во линија со поволното сценарио.

„Ако имаме во предвид дека падот на даночните приходи во месец април изнесуваше 31 процент забележуваме дека извесно подобрување, односно реализацијата на даночните приходи согласно сценариото беше предвидено да биде намалување со 31 процент но регистрираме 28 проценти што говори дека сме во линија со проекцијата“, изјави Нина Ангеловска- Министерка за финансии.

Држвата во месец мај потрошила за 11 проценти повеќе за разлика од истиот месец претходната година. Ова се должи во најголем дел заради исплатата на државната минимална плата од 14.500 кон компаниите за која се потрошени околу 30 милиони евра. Буџетскиот дефицит и долговите дома и во странство државата планира да ги покрива со изадената еврообврзница и заемите од меѓународните монетарни фондови.

„Оваа година доспеваат за отплата главница по однос на надворешен долг 437 милиони евра и домашен долг 248 милиони евра. Со ова вкупните потреби изнесуваат 1,43 милијарда евра и истите ќе се покријат со издадената еврообврзница од 700 милиони евра“, рече Нина Ангеловска- Министерка за финансии.

Седмата по ред еврообврзница за министерката е издадена во вистинско време а овие пари ќе се враќаат како сите еврообврзници по основ на рефинансирање. За сега државата не размислува воведување нови или зголемување на даноци. Еврообврзницата е тешка 700 милиони евра ќе се враќа во наредните 6 години, и за неа ќе се плати камата во висина од 154 милиони евра.