Ременски кон Русковска: Во вршење на службена должност пријавив криминал од 2,4 милиони поради тоа бев суспендирана

0
84

По вчерашната изјава на обвинителката Русковска дека секој кој што има сознанија, за сторено кривично дело од страна на кого било, мора да го пријави или во полиција или во Обвинитество, или во спротивно самиот прави кривично дело, преку Фејсбук статус поранешната потпретседателка на СДСМ и на македонското Собрание, Фросина Ременски ја прашува обвинителката Дали за непостапување на јавен обвинител во ОЈО ГОКК по кривични пријави и документи постои одговорност и кој е надлежен да постапува по тоа.

„Русковска потсети дека, законска должност е на секој кој што има сознанија, а особено документи за сторено кривично дело од страна на кого било, мора да го пријави или во полиција или во Обвинитество, во спротивно самиот прави кривично дело“ .Ако обвинителката навистина го мисли ова и не го изјавува само декларативно, тогаш треба да одговори: Дали за непостапување на јавен обвинител во ОЈО ГОКК по кривични пријави и документи постои одговорност и кој е надлежен да постапува по тоа

Еве зошто:

Фамозниот проект „Опремување на лабаратории за високообразовни институции и јавни научни установи“ на МОН во вкупна вредност од 60 милиони евра, се спроведувал со многу фиктивни јавни набавки, фалсификување на службена документација, „подарување“ на софистицирана опрема на државни и приватни институции, прикривања, уништување на службена документација, фиктивни градежни активности и што ли уште не.

Во вршење на службена должност (продекан) открив, документирав и пријавив криминал од 2,4 милиони евра, за противзаконско опремување на МВР шреку злоупотреба на Факултетот за безбедност и со личен потпис на 04.04.2013 година во ОЈО ГОКК. Поради што заедно со мои колешки бев суспендирана по нарачка на Гордана Јанкуловска, преку директно мешање во автономијата на Универзитетот. За други реперкусии од оваа пријава ми треба 3 дена пишување,“ пишува Ременски.

Извор Локално