Русија: Вакцината против „КОВИД 19“ ќе биде ефикасна и против мутациите на вирусот

0
92

Вакцината против коронавирусот САРС-КоВ-2, кој ја предизвикува инфекцијата „КОВИД 19“, ќе биде ефикасна дури и во случај на мутации во вирусот, а ќе бидат потребни најмалку една и пол година за да се тестира, рече Дмитриј Морозов, генерален директор на руската биотехнолошка компанија „Биокад“.

„Не би рекол дека САРС-КоВ-2 мутира, така што стариот и новиот вирус стануваат различни. Покрај тоа, во некои региони вирусот се менува, а во некои не. Напорите на сите компании и организации сега се насочени кон создавање на вакцина против непроменливите делови на вирусот. Дури и ако вирусот добие две или три мутации за време на циркулацијата, непроменливите делови ќе останат и вакцината ќе функционира против тоа“, истакна тој.

Според него, руската компанија „Биокад“ планира на пазарот да претстави најмалку две вакцини против „КОВИД 19“.

Генералниот директор прецизираше дека развојот на вакцината ќе трае најмалку 1,5 години.

„Доколку станува збор за развој на производи, тогаш потребни се најмалку една и пол година. Индустриското производство главно се одвива паралелно со клиничките испитувања. „Постојат фази што не можат да се прескокнат – на пример, ако го тестираме заштитниот ефект на вакцината врз глувци, треба да почекаме 30 дена“, објасни тој.

Морозов додаде дека првата серија на вакцини против КОВИД 19 би можела да чини како вакцина против грип или менингоенцефалитис – околу 18 евра.

„Оваа вакцина треба да се појави што е можно поскоро, и сè што е направено на тој начин мора да има висока цена, имајќи предвид дека сериското производство не е започнато, се произведуваат мали количини и така натаму“, нагласи тој.

На прашањето колку „Биокад“ ќе потроши за развој на вакцината, Морозов рече дека трошоците во почетната фаза нема да надминат 10-15 милиони долари.

„Таа бројка може да се зголеми во зависност од обемот на клиничките испитувања“, посочи тој.

Извор Локално