Русковска: Имаме докази дека торбата со парите од кај Камчев завршила кај родителите на Јовановски

0
116

Обвинителката Вилма Русковска по денешното рочиште на прашање на новинарите за тврдењето на обвинетиот Бојан Јовановски дека тој ниту допрел ниту видел торба и пари одговори дека располага со докази дека торбата со парите која од кај Камчев ја изнел сега веќе осудениот Зоран Милевски била однесена во домот каде што живеат родителите на Бојан Јовановски.

Прашана зошто Милевски не го повикала да сведочи Русковска рече дека имала доволно докази и проценила дека нема потреба, но додаде дека и било чудно зошто одбраната на Јовановски не го предложила за сведок. Денеска рече таа е јасно зошто не го предложиле за сведок,одбраната им била вината да му ја префрлат само него.