САД надмина 100.000 жртви од коронавирусот , над 350.000 починати во светот

0
73

Бројот на смртни случаи во светот од коронавирус надмина 350.000 и сега изнесува 352.671, објави Worldometers. Бројот на заболени надмина 5,7 милиони.

Само во Соединетите држави починаа повеќе од 100.000 луѓе, поточно 100.026. САД исто така имаат повеќе од 1,7 милиони случаи на зараза со коронавирус или 1.725.808 случаи.

Најлошо е сè уште во државата Њујорк, каде што има 363.836 случаи на инфекција и 29.302 смртни случаи од коронавирус. Њу Џерси, Илиноис и Калифорнија се следните најтешко погодени од ковид-19.

Соединетите држави сè уште имаат најголем број коронавирусни инфекции и смртни случаи. Бразил е втора најпогодена земја во светот, по што следи Велика Британија во однос на бројот на починати.