СДСМ: Во рок од 22 дена по вонредната треба да има избори, Мицкоски бега од пораз

0
100


СДСМ и денеска повика да се организираат избори во првиот можен термин бидејќи, како што велат, сите параметри и официјални податоци од надлежните институции покажуваат дека епидемијата е ставена под контрола и дека создадени се услови за одржување избори согласно протоколите за заштита.

„Тоа не сакаат да го прифатат Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, зошто знаат дека нивната неодговорност и деструктивност им гарантира изборен пораз. Дека има услови за одржување на изборите, говори и позитивниот одговор на ОБСЕ/ОДИХР дека се подготвени да продолжат со набљудувачката мисија на парламентарните избори во Република Северна Македонија“,

вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
ДИК по крајот на вонредната состојба, рече таа, треба да ги заврши обврските и во рок од 22 дена да се одржат изборите.

„Избори мора да има поради здравјето на граѓаните, поради трансформација на нова економија, поради институциите кои треба да им служат на граѓаните во оваа држава“,

рече Кузеска.