СДСМ го промовираше начинот за користење на ваучерите за туризам

0
127

Партиска промоцијата за начинот како ќе се користи платежната картичка за купување на домашни производи и услуги.

По објавата во Службен весник на Уредбата, потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, наместо министерката за финансии Нина Ангеловска или друг претставник на Владата, го објасни начинот на користење на оваа картичка.

Околу 100 илјади граѓани ќе добијат ваучер за туризам од 100 евра и 50 евра платежна картичка за купување на домашни производи. Конечната листа на корисниците кои ќе ја користат оваа мерка ќе биде објавена од страна на УЈП.

„Електронскиот ваучер ќе има посебен QR код за секој индивидуален корисник, а ќе може да се користи во домашните хотели и други регистрирани сместувачки капацитети, ширум земјата во текот на летните месеци, а платежната картица од 50 евра е за купување на домашни производи и услуги“, рече Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

Извор АлсатМ